Студентите на Електронскиот факултет во Ниш гласаа на референдум за продолжување на блокадата на оваа високообразовна институција, објави Неформалната група на студенти на Универзитетот во Ниш. Во соопштението се наведува дека 885 студенти учествувале на референдумот, а 713 од нив, или 80,56, гласале за продолжување на блокадата.
„Дури и по шест месеци од почетокот на блокадата, студентите на Електронскиот факултет не се откажуваат. Одиме напред кон нови победи. Заедно, во единство и солидарност сè додека не се исполнат сите барања“, се наведува во соопштението.
Единствениот факултет во Ниш каде што блокадата е укината засега е Медицинскиот факултет, објавува Бета. На другите факултети, часовите се одржуваат преку интернет.