Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6 во Маврово, а најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се симне до 12 степени, а дневната ќе се искачи до 22 стешени Целзиусови.
Деновиве следува значителна промена на времето, најавува УХМР.
Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, во количина над 30 литри на квадратен метар.
Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и во петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне, утринската наместа ќе се спушти до нула степени.
Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
