Стјуардесата Леана Кој откри во видео на TikTok кој пијалок го избегнува во авионот. Станува збор за кафе, особено за кафе без кофеин.
Наведувајќи во описот на видеото дека ги разбира луѓето кои бараат сок од јаболка, коктел Маргарита или Блади Мери во авион, таа откри дека едно нешто воопшто не ѝ е јасно.
Таа истакна дека тоа е единствениот пијалок за кој стјуардесите ќе ве осудуваат и го спомена кафето, особено кафето без кофеин.
„Сфатив дека има само еден пијалок за кој ќе те осудам затоа што си нарачал во авион, а тоа е кафе без кофеин“, рече таа, објаснувајќи: „Мислам дека сите знаеме дека нарачувањето кафе во авион е малку сомнително“.
Имено, таа појасни дека не е љубител на кафе во авион поради неговиот вкус, а особено не ги разбира луѓето кои го пијат кога немаат потреба од кофеин.
„Ќе бидеш во ред ако го пиеш, многу пилоти го пијат, разбирам – уморни си, патуваш, ти треба кофеин. Но, дали ми кажуваш дека толку многу уживаш во вкусот на тоа „авионско кафе“ што си спремен да го пиеш без кофеин, само за вкусот?“ праша таа со гадење.
Таа призна дека нејзината авиокомпанија дури и не служи кафе без кофеин, пренесува Klix.ba.