Background

Стипендии за 500 млади талентирани спортисти

По 7 години целосно запоставен, спортот се враќа во приоритетите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партијата.

„Не беше лесно да се санира целата штета и пустош кој СДСМ го оставија во македонскиот спорт, но со многу труд и со посветена работа, за една година се поставија и почнаа да се градат темелите и во спортот“, се вели во соопштението.

За подобрување на условите за развој на спортот, се додава, Министерството за спорт отпочна и реализираше многу проекти, меѓу кои:

- Advertisement -
Ad image

– Комплетно реконструирана спортска сала во Радовиш;

– Изградена нова атлетска патека во Гевгелија;

– Реконструирана спортска сала во Ново Село;

– Изградба на нова спортска сала во склоп на Воената академија во општина Аеродром;– Реконструирани 15 мултифункционални игралишта во повеќе градови во државата.

– Отпочната комплетна реконструкција на спортската сала „Расадник” во Скопје.

„Со цел подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво и создавање услови секое дете да може да спортува и да има пристап до спортски содржини, фокусот се стави во изградба и во реконструкција на спортската инфраструктура. Токму затоа, за една година изградени се 15 спортски центри низ цела Македонија, како во Кавадарци, спортски центар во Средното техничко училиште, во Неготино и Прилеп фудбалски терен и голема трибина. Во Тетово се изгради спортски центар во Медицинското училиште „Никола Стеин“, две монтажни трибини со сертификат за меѓународни натпревари на игралиштето на ФК Тетекс, како и мултифункционално игралиште Ајдучко Маало“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Се градеше и во Брвеница, спортски центар со фудбалски терен, голема трибина и кошаркарско игралиште, во Кочани фудбалски терен и голема трибина, во Кратово фудбалски терен, голема трибина, одбојкарско игралиште и фитнес зона, се додава во соопштението.

„Спортски центар во склоп на поранешниот Дом на АРМ се изгради во Кичево, спортски центар со фудбалско, кошаркарско игралиште и фитнес зона во Свети Николе и во Пониква се реконструираше спортскиот комплекс во полициското одморалиште. Во Скопје во Гази Баба се изгради монтажна трибина со сертификат за меѓународни натпревари во склоп на Академијата Вардар, во Центар фудбалски терен со трибина, кошаркарско игралиште, детско игралиште и фитнес зона, а во Кисела Вода, повеќенаменски спортски терен со голема трибина“, се вели во соопштението.

Се откочи проектот за изградба на 5 базени, се додава, од кои 2 во Скопје, во Кисела Вода и Ѓорче Петров, и по еден во Кичево, Битола и Штип кои до крајот на летото ќе бидат пуштени во употреба.

„Директно од Владата беше поддржан македонскиот спорт со рекордни 20 милиони евра, средства кои беа исплатени директно на спортистите и на спортските субјекти. Се доделија национални признанија на 22 врвни македонски спортисти од екипните спортови и 500 стипендии „Спортска надеж” наменети за млади талентирани спортисти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation