Распишете избори, па ќе дебарираме, му одговорија студентите во блокада на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој денеска ги повика претставниците на студентското движење на јавна дебата пред сите камери.
„Претседателот нè покани на јавна дебата. Очигледно, тој нема одговор на народниот бунт, па сега треба да разговара со нас, кои нè нарекува терористи со месеци. Ќе дебатираме за визии и програми за иднината, во предизборната кампања, кога ќе бидат распишани избори“, напишаа студентите на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград на социјалната мрежа Икс.
Вучиќ ги повика претставниците на студентското движење отворено да разговараат за барањата и за блокадите кои последните месеци го парализираат сообраќајот и предизвикуваат незадоволство кај граѓаните.
– Подготвен сум да влезам во дијалог, јавна дебата, со тројца или со четворица кои размислуваат поинаку. Имаат право тоа да го бараат од својот претседател, вклучително и избори и сè друго. Ова не е за да ги победувам во некаква ТВ дебата, туку за да најдеме заеднички решенија. Време е да ги покажеме своите лица, да се прикажат програмите. Сакам да водиме борба на визии, борба за иднината, да ги решаваме работите преку дијалог и разговор, без конфликти и без насилство. Да ја обновиме земјата и повторно да ја вратиме на вистинскиот колосек, за да бидат луѓето задоволни. Ќе дадам сè од себе за да го покажам тоа почитување – наведе Вучиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
