Српскиот министер за култура Никола Селаковиќ бил физички нападнат во синоќа во Белград. Непознато лице го нападнало одзади и го удрило по глава. Утрово тој за српските медиуми изјави дека се чувствува добро.
-Одзади ме нападна непознато лице, човек кој никогаш не сум го видел. Отидов да ги посетам моите родители пред 22 часот. Тој викаше, ме навредуваше, пцуеше. Ми пријде одзади, а кога се свртев да разговарам со него, ме удри и побегна. Ме удри во главата, по левата страна од носот каде што бев расечен. Имав очила, ми паднаа, ме исекоа. Ме удри во задниот дел од левата слепоочница – изјави Селаковиќ за РТС.
Тој потоа отишол во полиција да го пријави случајот, како и кај лекар, каде што по прегледот добил список со повреди.