Средствата се обезбедени од Светска банка за проекти низ државата, вели Николоски

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска, се обрати од населеното место Тремник и истакна дека проектот за изградба и реконструкција нови улици во населеното место Тремник е дел од серија на проекти, со вкупна вредност од околу 16 и пол милиони евра, обезбедени преку соработка со Светска банка. Според него, Тремник ќе добие современа локална инфраструктура.

– Секогаш е задоволство кога се почнуваат нови проекти. Ова е една серија на проекти за изградба и реконструкција на локални улици, која што ја правиме насекаде низ државата. Вкупно во соработка со Светската банка, алоциравме некаде над 14 милиони евра за локални улици коишто одеа во три повици, а во моментот имаме четвртиот и активен повик од дополнителни 2 и пол милиони евра, што значи дека вкупно некаде околу 16 и пол милиони евра инвестираме во локални улици и во реконструкција и во изградба – кажа Николоски.

Николоски истакна дека проектот за изградба на нови улици во село Тремник успешно ќе се реализира и жителите на Тремник ќе добијат современи улици.

– Овој повик заврши успешно и ми е драго што жителите на село Тремник, не само што ќе добијат нови улици, туку тоа ќе биде од врвни изведувачи и од врвен надзор. Тука изведувач е градежната компанија ,,Гранит”, а надзор е светски познатата компанија ,,Ептиса”. Заедно со Светска банка, овие три елементи, даваат една сигурност дека проектот ќе биде успешно завршен. Сакам да се заблагодарам на Марија, која што како секретар на Општина Неготино работеше на овој проект, го аплицираше во Министерството за транспорт, Министерството за транспорт во Светска банка и успеавме да ги добиеме средствата. А, сега како градоначалник, ќе има чест и да ја пресече овде лентата некаде за месец, до месец и половина, кога ќе се зaврши овој пат – рече Николоски.

Според Николоски, ова е проект кој општината сама не би можела да го реализира, а додаде и дека ќе продолжи поддршката за општина Неготино и очекува уште поинтензивна работа по завршувањето на локалните избори.

– Ќе продолжиме на овој начин да ги поддржуваме и останатите општини, а секако и општина Неготино. Само да кажам дека се работи за улици во должина од вкупно 930 метри, само во населеното место Тремник, и вкупната сума која што ќе се потроши е некаде околу 9 милиони денари. Средства кои што општината сама не би можела да си ги дозволи – истакна Николоски.

Марија Нацева, кандидатката за градоначалник на општина Неготино од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изврши увид на реконструкција на улица заедно со Николоски.

0 Се наоѓаме во село Тремник, место каде што ние како Општина Неготино аплициравме со проект и јавен повик којшто го имаше објавено Министерство за транспорт и притоа добивме средства, се со цел да направиме асфалтирање на улицата која што жителите на село Тремник долги години ја очекуваа – истакна Нацева.

Нацева истакна дека општина Неготино претставува пример како во соработка со централната власт може да се напредува и да се реализираат проекти.

- Advertisement -
Ad image

– Претходно изградивме потесен цевковод, во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, а сега продолжуваме интензивно со работа на терен каде што во следниот период ќе се асфалтира улица во должина од околу 850 метри – заклучи Нацева.

Share This Article