СРБИН ПРЕВЕЗУВАЛ 10 КИНЕЗИ ВО ПРИКОЛКА, ДВАЈЦА ЗАГИНАА КАЈ ВАЛАНДОВО

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Србија, осомничен за предизвикување на тешка сообраќајна несреќа со смртни последилици кај Валандово, на 19 ноември рано утрото, управувајќи товарно возило „мерцедес“, сопственост на транспортна фирма од Србија, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија. Неговиот камион се превртел, а во приколката превезувал 10 Кинези, од кои двајца загинале.

Како што информира Обвинителство, тој се товари за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

„Возејќи по регионалниот пат од Валандово кон Дојран, не се придржувал кон одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што го довел во опасност животот и телото на луѓето. Иако бил должен да го држи возилото во движење што поблиску до десниот раб на коловозот и да го прилагоди движењето на условите на патот, за да не ги загрози другите учесници во сообраќајот, тој не го сторил тоа и изгубил контрола, возилото излегло на банкината надвор од коловозот и се превртело на десната страна. Но, во полуприколката на камионот имало и 10 кинески државјани, од кои при превртувањето 35-годишна жена и еден маж го загубиле животот, 2  лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште 2 со полесни повреди“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство, имајќи во предвид дека осомничениот е странски државјанин, заедно со видот и тежината на стореното кривично дело и последиците од него, бидејќи се работи за кривично дело со смртни последици и повеќе повредени лица, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор.

Во меѓувреме Обвинителството презема дејствија и за испитување на евентуални елементи на кривично дело Криумчарење мигранти.

Share This Article