Сончево и топло со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.
Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме.
Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.