Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 30 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 9 до 30 степени.
Во деновите од викендот времето ќе виде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.