Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Европска Унија денеска ќе даде повеќе од 4 милијарди евра за поддршка на Украина.
„Солидарноста на ЕУ со Украина е непоколеблива. Ова е наша посветеност не само за закрепнување на Украина, туку и за нејзината иднина како суверена и демократска земја“, објави Лајен на платформата Икс.
Таа додаде дека вкупната финансиска поддршка за Украина од ЕУ и земјите-членки достигна 168,9 милијарди евра.