Ласерска дупчалка развиена од Технолошкиот универзитет во Дрезден може да ја отвори вратата кон скриените океани под површината на ледените месечини во Сончевиот систем. Уредот користи концентриран ласерски зрак што топи и испарува мраз, создавајќи тесни и длабоки канали дури и низ слоеви дебели неколку километри, јави ДПА.
Меѓу најинтересните цели за идни мисии се Европа, месечината на Јупитер, и Енцелад, кој кружи околу Сатурн. Научниците веруваат дека под нивната ледена обвивка постојат океани што можат да содржат микробен живот.
„Истражувањето на мразот во Сончевиот Систем е клучно, било да се работи за добивање вода за астронаутите или за производство на гориво“, наведуваат авторите во декемвриското издание на списанието Астра астронаутика.
Притоа, уредот е дизајниран да биде лесен, енергетски ефикасен и да не бара механички системи за дупчење. Кога ласерот го погодува мразот, создава гас кој поради вакуумот во вселената се издигнува кон површината.
– Целиот произведен гас и прашина ќе излезат нагоре, што овозможува нивно собирање и анализа – изјави Тино Шмиел од Институтот за воздухопловно инженерство при ДУТ.
Шмиел вели и дека иако Германија сè уште нема план за сопствена мисија кон ледена месечина, ваквата технологија може да стане клучна за идните меѓународни проекти.
Тимот предвидува дека ласерот може да има и примена на нашата планета Земја, особено за мерење на дебелината на снег и мраз во опасни подрачја. Првите тестови спроведени во Алпите и во Арктичкиот Океан покажале висока точност во мерењата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
