Снимките од самитот на НАТО станаа вирални, реакциите поделени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Холандската кралица Максима се најде на удар откако на социјалните мрежи се појави видео на кое таа, според многумина, се потсмева на американскиот претседател Доналд Трамп, а сето тоа додека стои до него.

Трамп пристигна во Холандија во вторникот на самитот на НАТО, каде што прво присуствуваше на гала вечера, а во средата наутро појадуваше со кралската двојка, кралот Вилем-Александар и кралицата Максима.

Трамп и кралот разменија неколку зборови и се смееја, додека кралицата Максима тивко стоеше до нив со насмевка на лицето.

– Тоа е фотографијата што ја сакаме – рече Трамп, на што кралот одговори: „Се надевам дека добро спиевте“

– Беше одлично, куќата е… – почна Трамп, повторно смеејќи се и заблагодарувајќи им се на присутните. Токму тогаш, камерата сними момент каде што кралицата Максима се чини дека го имитира начинот на кој Трамп ги движи усните додека зборува, израз на лицето за кој многумина мислеа дека е саркастичен.

Ова видео веднаш почна да се шири на социјалните мрежи со голема бризна, а исто така имаше и бројни коментари.

„Колку повеќе ја гледам кралицата Максима како го исмева Трамп, толку посмешно ми е“, „Никогаш не сум бил обожавател на воздржана монархија, но кралицата Максима е закон! Таа се однесува кон него како кон бебе“, „Кралицата Максима! Ја обожавам“, „Кралицата држи дистанца. Се чини дека точно пресметала колку далеку може да се оддалечи од Трамп и да остане во кадарот“, гласеа некои од коментарите на оние кои беа воодушевени од реакцијата на кралицата.

Сепак, не сите ја „славеа кралицата“ и многумина го осудија нејзиното однесување.

„Колку ниско мора да се спуштите за да бидете Кралица на непостоечкиот холандски народ“… Одвратно до срж“, „Ужасно. Гадно“, „Каква ‘Кралица’ е ова“, беа коментарите од другата страна.

- Advertisement -
Ad image

Досега никој не се огласил ниту од кралската резиденција ниту од Белата куќа за да го коментира овој инцидент од резиденцијата.

Share This Article