Москва во неделата се најде во снежна бура, која го покри Црвениот плоштад со до 10 сантиметри снег по невообичаено благата зима во руската престолнина.
Метеоролозите велат дека просечната количина на снег за цел месец се очекува во недела и понеделник, додека снегот ги затрупа пролетните цвеќиња. Температурите во петокот паднаа под нулата, со дури 16 Целзиусови степени.
Сообраќајните власти во поширокото подрачје на Москва, каде живеат повеќе од 22 милиони луѓе, ги предупредија возачите кои веќе ги замениле зимските гуми да не излегуваат од патиштата. Во Русија, специјалните гуми за снег се задолжителни во зима.