Следна изведба на „Мадам Бовари“ ќе се одржи во петок, 21.11.2025, со почеток во 20 часот

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Видеолотарија Касинос Австрија ја потврдува својата силна заложба за промоција и поддршка на уметноста. Во рамки на партнерството со Националната опера и балет, синоќа на големата сцена беше изведена балетската продукција „Мадам Бовари“, дело што ја фасцинираше публиката и беше поздравено со долги овации.

Инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер, оваа балетска драма во два чина ја отвора приказната за копнежот, страста и вечната борба меѓу слободата и општествените норми. Претставата е посветена на 25-годишниот јубилеј на примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, која со својата маестрална енергија и емотивност остави длабока трага во македонскиот балет. Таа ја толкува главната улога на Ема Бовари, заедно со Франциско Хименез Руиз, Балаж Лочеи, Дмитро Чеботар и Ендру Кук, како и солистите, ансамблот и оркестарот на НОБ.

Следната изведба на „Мадам Бовари“ ќе се одржи во петок, 21.11.2025, со почеток во 20 часот.

– Поддршката на културните проекти претставува значаен дел од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија. Веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво – вредности што ја збогатуваат заедницата и го унапредуваат општествениот живот. Горди сме што стоиме зад настани кои ја подигнуваат културната сцена во земјата – рекоа од Видеолотарија Касинос Австрија.

Share This Article