Славната манекенка се врати на пистата

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кара Делевињ имаше впечатлив настап на Неделата на модата во Париз, учествувајќи на ревијата на L’Oreal во смел, проѕирен црн фустан. Тесниот фустан беше комбиниран со класични црни потпетици и минималистички додатоци.

Обожавателите брзо ги пофалија нејзиниот стил и самодоверба на социјалните мрежи. Еден корисник напиша: „Како ништо да не се променило. Ти си сè уште заштитно лице. Многу сум горд на тебе.“

Додека ги освојуваше светските писти, многумина не забележаа дека поминува низ многу тежок период сè додека папараците првпат не ја фатија во 2013 година со мала кесичка бела супстанца за која се тврдеше дека била дрога. Овој инцидент привлече големо медиумско внимание, но таа никогаш јавно не коментираше за тоа.

Иако сè изгледало совршено во нејзиниот живот со години, внатрешно се справувала со празнина, анксиозност и зависност. Фотографии од неа на забави кружеа во јавноста, честопати уморна, нефокусирана и изгубена. А потоа, во септември 2022 година, папараците ја фотографираа Кара на непријатен начин. Нејзината разбушавена и валкана коса, темните кругови под очите и валканата облека беа само дел од работите за кои се зборуваше со денови, а фактот дека беше по чорапи, исто така, привлече големо внимание. Моделот имаше неконтролирани движења на телото, го испушти телефонот неколку пати и шеташе наоколу изгледајќи многу нервозно.

За среќа, тогаш сфатила дека е во многу лоша состојба и подоцна им се заблагодарила на новинарите што ѝ помогнале да се разбуди. Како што истакнала тогаш, сфатила дека не смее да ја занемари психотерапијата: „Мислев дека морам да одам кога ми е лошо, а не кога сум добра“, рекла тогаш, откривајќи дека била во центар за рехабилитација и дека ќе мора да оди на терапија до крајот на животот.

– Не можев повеќе да се лажам себеси. Не бев среќна, не бев здрава и не бев своја, вели Кара во емотивно интервју за Vogue во 2023 година. Кратко потоа, таа одлучила да влезе во центар за рехабилитација. Тоа бил првиот чекор кон трезвеност и внатрешен мир. Процесот не бил лесен. Работела  на детоксикација на своето тело, но и на лекување на својата душа.

– Почнав да водам дневник, да медитирам, да ѝ се враќам на природата. Научив да се сакам себеси без филтри, без шминка, без маски – вели таа.

Фото: EPA/Teresa Suarez

Денес, Кара изгледа подобро од кога било. Таа не го крие своето закрепнување; напротив, ја користи својата платформа за да ги охрабри другите. Таа отворено зборува за важноста на менталното здравје, штетата од гламуризирањето на пороците и колку е важно да се побара помош.

Во интервју за списанието Variety во 2024 година, Кара искрено зборува за своето патување до закрепнувањето:

- Advertisement -
Ad image

„Без разлика дали зборувам за анксиозност, депресија или лекување на зависност, чувствувам дека им должам искреност на луѓето. Животот не е совршен, никој од нас не е совршен. Затоа, да бидам искрена е најмалку што можам да направам“, рекла таа во тоа време.

Нејзината ранливост и отвореност во врска со менталното здравје добија огромна поддршка од обожавателите ширум светот.

Share This Article