Background

Скокна цената на нафтата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Американско-израелската војна против Иран и ефикасното затворање на клучниот Ормутски теснец ја зголемија цената на нафтата и покрај ветувањата на големите производители дека  ќе го зголемат производството на нафта. Цената денеска се очекува дополнително да се зголеми, а дел од аналитичарите очекуваат барелот да чини и 100 долари.

- Advertisement -
Ad image

Американската сурова нафта се зголеми за околу 8 долари за барел, или 12%, а вчера вечерта, на отворањето на фјучерс тргувањето, достигна околу 75 долари. Цената ан нафтата Брент скокна за повеќе од 12%, на околу 82 долари за барел. Во петокот, Брент ја затвори трговијата на нешто над 73 долари.

Денеска цената на нафтата Брент се продава по цена од 79,7  долари за барел.

Според проценките на аналитичарите, зголемувањето на цените можеше да биде уште поголемо доколку групата производители на нафта, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија, не вети дека ќе го зголеми производството со цел да го одржи снабдувањето и да го ублажи зголемувањето на трошоците.

Аналитичарите на Барклис изјавија дека цената на нафтата би можела да достигне 80 долари за барел во случај на прекини во снабдувањето со нафта.

Аналитичарите на Кралската банка на Канада коментираа:

„Регионалните лидери го предупредија Вашингтон за ризиците од ширење на уште еден конфликт со Иран и посочија дека нафтата вредна повеќе од 100 долари е јасна и присутна опасност“.

Во саботата, Иран го затвори Ормутскиот теснец, со што ја затвори клучната точка за премин на нафта, а дел од испораките беа прекинати. Секоја година, 20% од испораките на нафта минуваат низ теснецот, а се реализираат околу 500 милијарди долари во трговијата со енергија, што значи дека нарушувањата би можеле да влијаат на земјоделството и глобалните цени на храната.

Техеран долго време предупредуваше дека би можел да ја искористи својата локација за да ги затвори теснецот како одговор на воена агресија, иако Тамсин Хант, виш аналитичар во S-RM, консултантска компанија за глобална разузнавачка и сајбер безбедност, рече дека „целосното затворање на теснецот би било катастрофално за економијата на Иран“.

Затворањето на Ормутскиот теснец ќе го наруши снабдувањето од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Ирак и Кувајт, што ќе доведе до недостиг и повисоки цени на енергијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation