Унгарската влада остро ги отфрла заканите на украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја повикува соседната земја да престане да ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Тој, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, нагласи дека Зеленски „шокантно ѝ се заканил на Унгарија“ на прес-конференцијата што ја одржа со канадскиот премиер Марк Карни, објави МТИ.
Сијарто рече дека „во последните неколку дена, Украина започна сериозни напади врз безбедноста“ на снабдувањето со енергија на Унгарија. Тој додаде дека унгарската влада ги смета таквите напади како напади врз суверенитетот на земјата.
– Кршењето на нашиот суверенитет не може легитимно да се објасни со војна со која ние немаме никаква врска – додаде Сијарто, повикувајќи го Зеленски да престане да ѝ се заканува на Унгарија и да ја загрозува нејзината енергетска безбедност.
Претходно денеска, на прес-конференција, Зеленски, одговарајќи на прашање во врска со неодамнешниот напад врз нафтоводот „Дружба“, што предизвика прекин на протокот на руска нафта кон Унгарија, рече дека „пријателството меѓу Украина и Унгарија зависи од ставот на Унгарија“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
