Поранешниот гувернер на Калифорнија и холивудска ѕвезда, Арнолд Шварценегер предизвика жестока дебата во емисијата „The View“ со своите остри зборови за имигрантите во САД.
Во гостувањето кое брзо стана вирално, тој изјави дека „доселениците треба да се однесуваат како гости“ и дека „секој што доаѓа во Америка мора да ја почитува земјата и законите“.
– Кога доаѓаш во Америка, ти си гостин. Како кога влегуваш во туѓа куќа – не правиш неред, не кршиш ништо. Напротив, се обидуваш да помогнеш, да оставиш чисто, да бидеш пример – рече Шварценегер.
Тој потенцираше дека е исклучително важно имиграцијата да се одвива легално: „Најважно е сè да се прави според законите!“
Изјавата на актерот и политичар не помина без реакција. Веднаш му се спротивстави Вупи Голдберг, која го потсети дека „90 отсто од луѓето што доаѓаат во САД се обидуваат да ја направат вистинската работа“. Таа додаде и дека „многу од тие што се депортирани, имаат документи и визи, а не се криминалци како што некои сакаат да ги прикажат“.
Дискусијата продолжи и со ко-водителката Асунсион Хостин, која наведе дека според истражувањата, доселениците поретко извршуваат криминал одошто самите американски државјани.
Иако Шварценегер потенцираше дека неговиот став не е насочен против доселениците, туку против оние што „ја злоупотребуваат шансата што им ја дава Америка“, дебатата сепак отвори голем број прашања за тоа како јавноста ги перцепира новите жители на земјата.
Tagged as:
Шварценегер ги шокираше гледачите со ставовите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖