Швајцарската претседателка Карин Келер Сатер изјави денес, по разговорите со американскиот секретар за финансии Скот Бесант за високите царини што ги воведоа САД, дека Вашингтон има намера да води „привилегирани преговори“ со 15 земји, вклучувајќи ја и Швајцарија.
Задоволни сме од разговорите што ги водевме. Американските власти изразија јасна желба да најдат решение со Швајцарија, изјави Карин Келер Сутер.
Таа рече дека следниот чекор е декларација за намера, што е можно поскоро, по што можат да започнат преговорите, објави Ројтерс.