Шумите горaт во Дојран, Велес, Македонски Брод, нема загрозени куќи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пет од вкупно девет регистрирани пожари на отворен простор во Македонија сè уште се активни, соопштија директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Аљи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов на денешната заедничка прес-конференција.

Активни се пожарите кај селото Николич во општина Дојран, кај селото Крушје во општина Велес, во Македонски Брод меѓу селата Црешево, Локвица, Карпа и Слатина, кај селото Раштак во општина Гази Баба и во општина Сарај.

Во гаснењето се вклучени двата Ер трактори на ДЗС, локални противпожарни единици и 30 припадници на Армијата кај Велес. Во Дојран интервенира и доброволното противпожарно друштво, а во Македонски Брод учествуваат екипи од ЈП Македонија пат.

– Повеќето пожари се на тешко пристапни терени каде што има деградирана и нискостеблеста шума, трње, но еден од нив зафатил и делумно квалитетна шума кај село Крапа – изјави Стојанче Ангелов.

Според него, еколошката штета е присутна, но сепак значително помала од лани.

ДЗС уверува дека нема директна закана по населени места, викенд куќи или имоти. Пожарот кај село Николич, кој се движи кон Валандово, според Ангелов, до крајот на денот ќе биде ставен под контрола.

– Таму веќе дејствуваат авионите на ДЗС, пожарникари од Валандово, Гевгелија и Струмица, како и екипи на Национални шуми кои ја координираат акцијата – изјави тој.

Share This Article