Шпанската европратеничка од Европската слободна алијанса Ана Миранда Паз јавно повикa на парламентарните избори во Албанија кои се одржуваат утре да се гласа за Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шпанската европратеничка од Европската слободна алијанса  Ана Миранда Паз  јавно повикa на парламентарните избори во Албанија кои се одржуваат утре да се гласа за Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција.

Во својата видео порака Миранда вели дека од срце го поддржува Васил Стерјовски, кој се кандидира за пратеник во округот Корча на листата на Социјалистичката партија.

– Васил не е само политичар, тој е посветен глас на сите етнички заедници, неуморен застапник за правда и вистински верник во европската иднина на Албанија. Како претседател на Македонската алијанса за европска интеграција и активен член на Европската слободна алијанса, тој претставува единство, напредок и надеж. Сега е време да застанеме зад лидерите кои ги зближуваат луѓето и се борат за подобро утре. Гласајте за Васил Стерјовски, глас за различноста, еднаквоста и европските вредности – вели европратеничката.

 

Share This Article