Background

Шокантни видеа ја покажуваат огнената топка – луѓе бегаат во паника

Повеќе лица се повредени, а жителите биле принудени да побегнат по утринската експлозија на бензинска пумпа во Рим. Снимките од местото на настанот прикажуваат огромна портокалова огнена топка и столб од темносив чад што се издига над зградите.

Според италијанските медиуми, најмалку 21 лице е повредено, меѓу нив и полицајци, пожарникари и медицински персонал, а екипите за гаснење пожар и понатаму работат на терен. Жители за весникот „Corriere della Sera“ изјавиле дека при експлозијата – која ги затресла околните згради – „парчиња стакло и железо летале на сите страни“.

Сведоштва, објавени на социјалните мрежи, што ги пренесува италијанскиот печат, наведуваат дека прво избил пожар, а потоа околу 8:18 часот по локално време се случиле две експлозии во краток временски интервал, од кои втората била посилна.

- Advertisement -
Ad image

 

Италијанската премиерка Џорџа Мелони разговарала со градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, за инцидентот. Експлозијата се случила во населбата Пренестино, на југоистокот од Рим, во близина на детска градинка и спортски клуб. Полицијата и натаму го проверува подрачјето за да утврди дали има дополнителна штета.

 

На снимките се гледаат разфрлани остатоци на спортското игралиште и ограда што била свиткана од ударниот бран. Италијанската пожарна служба соопшти дека 10 тимови работат на гаснење на пожарот.

Експлозијата се слушнала низ целиот Рим

Големата експлозија на резервоари со нафта, дизел и течен нафтен гас (ТНГ) се слушнала низ цела италијанска престолнина.

„Работиме на експлозијата на резервоарот… Огнот сè уште гори“, соопштија пожарникарите, додавајќи дека еден нивен колега бил хоспитализиран.

 

Хитните служби биле на самото место и пред експлозијата, откако биле повикани бидејќи камион удрил во цевководот на резервоарот со течен нафтен гас на бензинската пумпа. Медиумите јавуваат дека пожарот се проширил и на блиско складиште, а ударниот бран оштетил и околни згради.

8 полицајци повредени, петмина хоспитализирани

Вкупно осум полицајци се повредени, изјавил функционер за Reuters, а повредени се и вработени во итната помош и минувачи, јавуваат новинските агенции. Итните служби соопштија дека 5 лица се пренесени во болница.

– Ја слушнав експлозијата додека излегував од дома, беше многу гласна детонација, целата куќа се затресе и се исплашив дека ќе се скршат прозорците од силината на звукот – изјавил сведок за Ројтерс.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation