Шестоодделенецот има скршеници на пршлените и на стапалата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Прилеп го доби полицискиот извештај за повредениот шестоодделенец во основното училиште „Гоце Делчев“, кој во попладневната смена во понеделникот, од досега непознати причини, падналод прозорецот од највисокиот, трет кат и тешко се повреди, со скршеници на пршлени и на стапалата.

Во извештајот, на барањето на Обвинителството, има искази од медицинските лица, од вработените во училиштето и видео снимки за немилиот настан.

– Го добивме полицискиот извештај. Ќе ги разгледаме исказите и видео материјалот од камерите. Ако треба, ќе побараме искази од други лица кои не се испитани, за да констатираме што се случило. Случајот е класифициран како несреќа – вели обвинителката Лидија Салатоска Илиеска.

Немилиот настан се случи во понеделникот, на 20 јануари, во поладневната смена на првиот училишен ден во второто полугодие во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, поконкретно во 14:35 часот, за време на големиот одмор.

Веднаш била повикана службата за Итна помош. Лекарите констатирале дека ученикот бил во полусвесна состојба пред училишната зграда.

Тој бил префрлен на одделот за анестезија во прилепската болница, каде, првично биле констатирани скршеници на стапалото и сомнеж за скршеници на прешлените, а потоа пренесен на Детска хирургија во Скопје.

– Во училницата, на највисокиот кат, биле дежурниот ученик и 11-годишникот од 6. одделение. Дежурниот наставник поминал, го прашал шестоодделенецот зошто не излегол на големиот одмор и добил одговор дека му студи, има јадење и ќе остане во училницата. Кога заминал наставникот, а дежурниот ученик излегол да си земе храна, во тие неколку минути се случил немилиот настан – вели директорката на училиштето Снежана Котева.

Ученикот се лекува на Детска хирургија во Скопје по скршениците на стапалата и на прешлените

Share This Article