Шефот на американската разузнавачка служба: Нуклеарната програма на Иран е сериозно оштетена

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако медиумите објавија доверливи воени разузнавачки извештаи дека нападите на САД требало да ја забават нуклеарната програма на Иран само за неколку месеци, директорот на Централната разузнавачка агенција на САД, Џон Ратклиф, тврди спротивното. Тој рече дека нуклеарната програма е сериозно оштетена.

„ЦИА може да потврди дека иранската нуклеарна програма е сериозно оштетена во неодамнешните насочени напади и дека ќе бидат потребни неколку години за да се обнови“, изјави директорот на Централната разузнавачка агенција на САД, Џон Ратклиф, во соопштението во среда. Тој додаде дека ова е потврдено со нови разузнавачки податоци од историски сигурни и точни извори или методи.

Неговата изјава доаѓа еден ден откако американските медиуми објавија извештај во кој се наведува дека нападите врз три нуклеарни објекти во Иран ја забавиле нуклеарната програма на Техеран само за неколку месеци. „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека првичните разузнавачки проценки покажуваат дека бомбардирањето не ги уништило подземните нуклеарни објекти на Иран. Медиумите се повикуваат на службеници запознаени со извештајот од воената разузнавачка агенција (ДИА).

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека нападите целосно ги уништиле сите капацитети во нуклеарните постројки во Исфахан, Натанц и Форд и дека нанеле фатален удар врз нуклеарната програма на Иран.

Како одговор на медиумските извештаи, тој во среда објави на социјалните мрежи дека медиумите излажале и целосно ги погрешно ги претставувале фактите. Тој исто така објави дека министерот за одбрана Пит Хегсет, заедно со неколку функционери, денес ќе одржи „интересна и неоспорна“ прес-конференција во Пентагон за да го одбрани достоинството на американските пилоти.

Директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, во среда се огласи пред Ратклиф. Таа напиша на социјалната мрежа X дека новите разузнавачки информации ги потврдуваат изјавите на американскиот претседател. Таа, исто така, ги обвини медиумите за селективно објавување делови од нелегално откриени доверливи разузнавачки проценки.

Share This Article