Шарлиз Терон: „Имав секс за една вечер со 26-годишно момче, беше предобро!”

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон ретко зборува јавно за својот приватен живот, но направи исклучок во нејзиното најново гостување во поткастот „Call Her Daddy”.

Додека го промовираше новото продолжение на филмот „Старата гарда 2″ (The Old Guard 2), актерката откри дека неодамна имала интимно искуство со 26-годишен маж.

– Навистина беше неверојатно. Никогаш порано не сум направила такво нешто. Си реков: „Ова е одлично, вака треба!“ – сподели 49-годишната Терон.

Оскаровката додаде дека во животот имала само неколку авантури за една ноќ, но дека оваа ѝ оставила силен впечаток.

Водителката Алекс Купер, која ја водеше емисијата, и со доза на хумор прокоментира:

– Тој 26-годишник е најсреќниот човек на светот.

На тоа Терон со смеа одговори:

–Не мислам така, но благодарам.

Терон, која е самохрана мајка на ќерките Џексон (12) и Огуст (9), веќе подолго време не е во јавна љубовна врска. Во минатото беше поврзувана со актери како Шон Пен, Стјуарт Таунсенд и пејачот Стефан Џенкинс. Актерката отсекогаш била отворена дека нема желба за брак, но изјави дека е подготвена за повремени авантури.

- Advertisement -
Ad image

– Сега кога сум во четириесеттите, чувствувам слобода. Имав чувство: ‘Зошто ова не го правев кога бев во дваесеттите?’. Поголемиот дел од времето бев во долги врски. Потоа станав мајка. Ајде да бидеме реални – кој има време за состаноци, бричење, средување? Имам две деца што треба да ги носам на училиште – рече Терон.

Таа се осврна и на темата сексуална самодоверба кај жените.

– Жените што изгледаат самоуверено, гласно и јасно, често се оние кои сакаат да го задоволат партнерот, а не себе. Тоа треба да се смени. Треба да си кажеме: „Сакам задоволство. И тоа е во ред“ – изјави актерката.

- Advertisement -
Ad image

На крајот додаде:

– Мој совет е да не се откажувате од вашето задоволство. Ќе имате подобро сексуално искуство, а и партнерот ќе биде посреќен. Секако, сè тоа треба да се прави безбедно и со почит.

Филмот „Стара гарда 2″ веќе е достапен за гледање на филмските платформи.

Share This Article