Шахистките на Алкалоид со убедлива и сигурна игра и со максимални пет победи во пет кола стигнаа до 10 бодови, кои им ја донесоа шампионската титула за 2025 година

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шахистките на Алкалоид со убедлива и сигурна игра и со максимални пет победи во пет кола стигнаа до 10 бодови, кои им ја донесоа шампионската титула за 2025 година.

Во последното коло од Екипното државно првенство за жени, кое се игра во Струмица, „фармацевтките“ стигнаа до победа изразена со 3,5:0,5 против ШК Неготино, кој го завршува турнирот на третото место со 6 бода. Второпласирана е екипата на МШК Центар со 8 меч-бодови.

Екипата на ШК Алкалоид, со комплетен состав ИМ Лела Јавакишвили, ВМ Бела Котенашвили, ЖФМ Моника Стојковска, ЖИМ Габриела Коскоска, ЖФМ Моника Жежовска и Леа Ефтовска, на целиот турнир оствари 17 победи, само 3 ремија и ниедна загубена партија во сите мечеви.

– Карактеристика на мечевите во женска конкуренција се големата непредвидливост и многуте пресврти. И овојпат беше така, имаше многу оган на таблите, навистина голема борба. Во пресудниот меч за титулата одлична партија изигра женскиот ФИДЕ-мајстор, повеќекратната државна шампионка Моника Стојковска, но и таа партија како и другите беа плод на повеќемесечните подготовки. Овој пат разработувавме повеќе сценарија, што не е типично за екипните мечеви, па сметам дека бевме соодветно подготвени. Не беше лесно ниту за интернационалките на првите табли. Имаа тешки партии, иако, со исклучок на екипите на Центар и на Неготино, другите екипи не располагаа со висококвалитетни играчи. Конкуренцијата беше сконцентрирана во помал број клубови, но повеќе проблеми создаде одлуката на ШФМ да се играат две кола во еден ден, бидејќи тоа влијаеше врз ритамот. Посакувам во женскиот македонски шах да продолжи развојот на младите таленти, што реално треба да биде долгорочна заложба во интерес на македонскиот шах – изјави ВМ Влатко Богдановски, капитен на женскиот тим на ШК Алкалоид.

Со овој триумф се отвора патот кон двојната круна затоа што и машката екипа на ШК Алкалоид е во водство по пет одиграни кола.

Share This Article