Во Основниот суд во Тетово, за случај на прегазување на девојка, судијата Ељведин Ферати изрече казна од само две години затвор со што предизвика жестоки реакции во јавноста поради фактот што на претходното судење обвинетиот доби 3,5 години затвор.
Сомнежи во интегритетот на судијата се појавија откако „сдк.мк“ потсети дека Ферати додека бил дел од Универзитетот во Тетово, наводно си ги поправал оцените со пречкртување.
Случајот го откри Антикорупциската комисија, а минатата година во септември беше отворена и предистрага откако Државниот просветен инспекторат утврди дека си ги поправил оценките по право на Тетовскиот државен универзитет, со пречкртување. Предистрагата ја води Скопското јавно обвинителство.
Судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово се пријавил и бил примен во Академијата на судии и обвинители наведувајќи просек од 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88.