Млад маж на во зраст од 25 години вчера загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралата Кичео-Охрид.
Полицијата информира дека на 5.10.2025 околу 6.30 часот е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над селото Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од селото Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од село Грешница, кичевско.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“, Е.Б.(25) од село Грешница, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево“, соопшти полицијата од Кичево.