Инспектори на Финансиската полиција вршат контрола на финансиското работење во прилепската болница за последните неколку години.
Според Кире Јоноски, директор на болницата, контролата почнала вчера.
– Финансиската полиција го испитува работењето на болницата во последните години. Како ново раководство укажавме на одредени финансиски нелогичности. Контролата почна вчера – потврди за МИА директорот Јоноски.
Проверката на финансиската полиција е во фаза на предистрага.