Background

Се појави старо интервју на Џеф Безос во кое изгледа драстично поинаку

Џеф Безос е еден од најбогатите луѓе во светот денес, а во неговите рани денови, основачот на Амазон не бил секогаш сфаќан сериозно. Стара снимка од интервјуто од 1996 година, која пред извесно време повторно стана вирална, предизвика лавина коментари за неговата неверојатна трансформација.

Во видеото  од пред 29 години, Безос ентузијастички зборува во емисијата „The Computer Chronicles“ за потенцијалот на онлајн купувањето.

– Доколку нашиот каталог беше на хартија, ќе беше со големина на седум телефонски именици во Њујорк – објаснил тој во тоа време, ветувајќи дека Амазон може да биде „забавен и привлечен како и добра физичка книжарница.

- Advertisement -
Ad image

Слично на тоа, во интервју со Џеј Лено во 1999 година, публиката му се смее кога тој открива дека Амазон не остварува профит.

– Ние сме добро позната непрофитабилна компанија и инвестираме во иднината, што не е невообичаено – одговорил Безос во тоа време. Денес, за споредба, Амазон генерира годишна бруто добивка која се смета во стотици милијарди долари.

Сепак, она што најмногу го привлекло вниманието на корисниците на социјалните медиуми не е неговата деловна визија, туку неговата драстична промена во изгледот. Многумина коментираат колку изгледал приземно и достапно во видеото, додека денес наликува на филмски негативец.

– Џеф изгледал поприземјен во раните денови на Амазон, за разлика од неговата ќелава, лудо насмеана личност многу години подоцна – гласи еден од многуте коментари.

Всушност, Безос (61), сега живее раскошен начин живот, а неодамна се ожени со Лорен Санчез на свадба во Италија, која наводно чинела 56 милиони долари и на која се собраа голем број светски ѕвезди.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation