Популарниот српски рапер Стјепан Јелица, попознат како Албино, го кажал судбоносното „да“ на својата избраничка на емотивна церемонија, која се одржала во престижен ресторан во Белград.
Младенците танцувале и биле расположени, а за оваа пригода раперот избрал елегантен црн костум, додека неговата сопруга Исидора блескала во необична бела венчаница.
Свадбената декорација беше на ниво на луксузни прослави – златни детали на масите, луксузни букети од бели лилјани и рози, свеќи и елегантни аранжмани, како и внимателно дизајниран агол каде што гостите можеле да остават пораки за младенците. Посебно внимание привлекла пораката на секоја чинија со која гостите добиле и по еден македонски кафетин.
На свадбената прослава присуствувале многу познати личности од естрадата.