Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаело Гроси, изјави дека Иран нема намера да развива нуклеарно оружје.
Тој во изјава за Си-Ен-Ен рече дека извештајот на МААЕ покажува дека нема докази дека Иран систематски се обидува да се движи кон нуклеарно оружје.
– Она што го објавивме е дека немаме доказ за систематски обид да се помине на нуклеарно оружје. Се наоѓаме во момент на посебна тензија. Тие имаат многу нуклеарен материјал. Тие немаат нуклеарно оружје во моментов. И ние мора да преговараме – рече Гроси.