Топ Вести - Слушај сега
Новиот кредит од 300 милиони евра што го најави владата најверојатно ќе биде синдициран односно кредит што го одобрува група од повеќе банки, информира денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Таа кажа дека во тек се преговори со банките и се чекаат понудите, а ќе биде земено она што најмногу ќе одговора и што ќе биде најсоодветно за Буџетот.
Таа е децидна дека во Буџетот за 2026 година беше јасно предвидено колкаво ќе биде задолжувањето во странство, а и Министерството за финансии, како што напомена, од старт е транспарентно.
– И премиерот многу често повторува колкави се долговите што треба да се вратат годинава. Ако треба да вратиме две милијарди, не може да очекуваме дека со една милијарда што издадовме обврзница, ќе ги вратиме. Од старт беа предвидени 300 милиони евра да се обезбедат преку кредитирање. Веќе сме во преговори со банките, чекаме да видиме конечно кои понуди ќе ги добиеме зашто имаше различна рочност и различни каматни стапки. Она што ќе одговора и што ќе биде најсоодветно за Буџетот, тоа ќе биде земено. Според информациите што ги имам, станува збор повторно за кредит што ќе ни даде поволни услови и од аспект на рочноста и од аспект на каматната стапка. Мислам дека ќе биде повеќе синдициран заем, ретко може да биде кредит само од една банка – рече Димитриеска-Кочоска.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
