Топ Вести - Слушај сега
За трагедијата во Карпош мора да има одговорност и оставка од Панче Тошковски!
Трагедијата во скопската населба Карпош, каде трагично згаснаа два животи на мајка и дете, покажа сериози пропусти на институциите за заштита од семејно насилство.
Две години пријавувано семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот, кој имал и други обвиненија а последниот случај му била најдена и дрога.
Институциите биле алармирани, било пријавувано, имале сознанија, имало индиции за ризик и со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите.
Потфрли Панче Тошковски, потфрли МВР, потфрлија Центрите за социјална работа, целиот институционален, државен систем.
Формалното постапување, не почитувањето на законските одредби за гонење на семејно насилство по службена должност, недостатокот на навремена реакција доведоа до трагична смрт на мајка и дете.
Само пред неколку месеци, во Велес, млада жена не беше заштитена, иако пријавувала малтретирање институциите не реагирале соодветно и беше убиена заедно со нејзиниот татко. Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство.
За сите овие институционални пропусти мора да има одговорност.
Бараме оставка од Панче Тошковски, соодветна истрага која со име и презиме ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и кај сите останати институции.
Проблемот почнува од врвот!
Сега Тошковски се сети да праќа телеграми, кога на некој му стигнуваат телеграми со сочувство? Требаше досега нешто да преземе. Одговорноста е кај оној што го води системот и не може да биде префлрена на некој друг. Единствена телеграма сега што треба да ја прати е неговата оставка
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
