Топ Вести - Слушај сега
Како што најавивме уште во декември дека постои дупка во буџетот од една милијарда евра и дека државата нема пари за функционирање, стигнува уште еден доказ. Наместо да ја признаат дупката во буџетот, тие новото задолжување го објавуваат како успех на Министерството за финансии за пласирање на еврообврзниците и како триумф на економијата. Владино славење за новото задолжување на граѓаните, велат од СДСМ.– Во моментот кога Владата се фали со „импресивната“ побарувачка од над 4 милијарди евра за десеттата еврообврзница во износ од милијарда евра, вреди да се потсетиме дека ова не е приказна за успех, туку за нужда.
Што тоа значи за граѓаните? Повеќе долгови значат поголеми камати, помалку средства за социјални програми, здравство и образование, и поголем ризик од криза ако глобалните каматни стапки пораснат.
Прогнозите на СДСМ не беа празни зборови, туку реалност – дупката во буџетот постои, и наместо да се фали со задолжувањето, Владата треба да објасни како ќе обезбеди одржливост на финансиите без постојано потпирање на странски кредити.
Министерството за финансии истакнува диверзифицирана база на инвеститори од Германија, САД и Велика Британија, конкурентни каматни стапки (3,875% за четиригодишната и 4,750% за осумгодишната транша) и доверба во реформските планови.
Но, под оваа сјајна фасада се крие сурова реалност, ова задолжување е директен одговор на проблемите со финансиите и буџетскиот дефицит.
Ова „доверба на инвеститорите“ што Владата го слави, всушност е сигнал дека земјата мора да се задолжи по цена на зголемување на вкупниот долг, кој веќе надминува 60% од БДП според ЕУ стандардите.
Слично се случи и со контроверзниот заем од Унгарија во износ од милијарда евра во 2024 година, кој СДСМ го осудуваше како ризичен и политички мотивиран. Ова е уште еден доказ дека она што СДСМ го зборува веќе месеци се остварува. Дефицитот не исчезна, само долгови се префрлени на идните генерации. Време е за одговорна политика, а не за спинување на долговите како победа, велат од партијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
