СДСМ: Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ и врските со Москва?
Топ Вести - Слушај сега
Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ и врските со Москва?
Со денови прашуваме и нема одговор од Христијан Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во соседна Србија?
Јавноста знае за неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана.
Јавноста знае за бројните криминални афери со кои се поврзува, вклучително и сомнежи поврзани со оружје, како и за неговите врски со Москва, функционер на СНС, сестринската партија на ВМРО-ОКГ.
Ако тоа се „критериумите“ за почесен конзул – тогаш секој со криминално минато, фотографии со оружје и цитати од радикални политичари пред руско знаме може да биде конзул.
Како Симе на пример кој има албум со фотографии заедно со Мицкоски и кој исто може да биде именуван за конзул бидејќи ги исполнува сите услови.
Во вторник во Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, прашање е што ќе му каже Мицкоски за Адамовиќ и за вицепремиерот Стоиљковиќ- неговиот најблизок соработник во Владата, за нивните врски со Русија?
Дали тоа е соодветно за земја членка на НАТО?
Дали ваквите кадри на Мицкоски ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција?
Јавноста заслужува одговори.
Но, имаме чувство дека Мицкоски не смее да каже.