Background

Само во САД годишно се потребни по 18.000 пилоти

Авиоиндустријата низ целиот свет се соочува недостиг од пилоти, бидејќи расте побарувачката за летови, а дел од пилотите предвремено се пензионираат. Се проценува дека пазарот на пилоти би можел да биде во дефицит најмалку уште 5 години, сè додека не се надополни обуката и не се зголеми бројот на квалификувани кандидати.

Состојбата со недостиг на пилоти  се влоши по пандемијата со ковид 19 кога обуките за пилоти речиси целосно беа прекината.

Експертот за воздухопловство Кристоф Клингенберг од Универзитетот во Вормс објаснува дека растот на побарувачката за летови ја изненадил индустријата и дека обуката на нови пилоти не може да го следи темпото на пазарот.

- Advertisement -
Ad image

Според Бирото за статистика на трудот на САД, само на САД ќе им требаат околу 18.000 нови пилоти годишно во текот на следната деценија, додека Боинг проценува дека до 2044 година, дури 660.000 нови комерцијални пилоти ќе бидат потребни низ целиот свет.

Патот до пилотската кабина не е ниту брз ниту евтин. Цената на обуката во САД може да надмине 100.000 долари, што ги одвраќа многу кандидати од сонот за летање.

Покрај основната лиценца, потенцијалните пилоти мора да добијат ATP сертификат и да акумулираат најмалку 1.500 часа искуство во летање – што обично значи две години дополнителна обука.

Сепак, оние што ќе ја завршат обуката се повредни денес од кога било. Авиокомпаниите нудат бонуси, повисоки плати, флексибилни распореди, па дури и платена обука за привлекување нови пилоти.

Професорот по комерцијална авијација од Универзитетот во Невада, Ден Баб, верува дека најефикасниот начин за привлекување нови пилоти е зголемување на платите. Поради ова, многу компании веќе ги зголемија платите до 30%, а некои нудат бонуси за потпишување во вредност од десетици илјади долари.

Поради недостигот на пилоти, сè повеќе се разгледува зголемувањето на возраста за пензионирање. До неодамна, границата беше 65 години, но сега се предлага пилотите да летаат до 67 години.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation