Background

САД да не се мешаат во внатрешната политика на Германија

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц синоќа ја повика администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да се „држи понастрана“ од внатрешната политика на Германија, откако неколку американски функционери ѝ дадоа поддршка на крајно десничарската партија АфД.

Најавувајќи дека утре ќе го има својот прв телефонски разговор со Трамп, новиот германски лидер изјави за телевизијата ЗДФ (ZDF) дека сака да „ја охрабри и да ја повика американската Влада да ја остави внатрешната политика на Германија да остане внатрешно прашање и да се држи подалеку од партиските политички размислувања“.

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, и државниот секретар, Марко Рубио, во петокот остро ја критикуваа одлуката на германската разузнавачка служба БфД (BfD) да ја класифицира партијата АфД како екстремистичка десничарска организација, подложувајќи ја на зголемен владин надзор.

- Advertisement -
Ad image

Мерц рече дека сака да „направи сè“ за да ја „поврати довербата“ кај сегашните гласачи во крајно десничарската АфД, која добива на сила и сега е прва опозициска група во Бундестагот.

Тој, исто така, рече дека со неодамнешната класификација на партијата од страна на разузнавачката служба како „екстремистичка десничарска“, фундаменталниот проблем „не е решен“.

Во своето прво интервју откако стана канцелар, Мерц, исто така, изрази значителна загриженост за ситуацијата во Газа и го повика Израел, каде што ќе оди неговиот министер за надворешни работи, да „ги почитува своите хуманитарни обврски“.

– Израел има право да се брани од Хамас, но треба да остане и земја што ги почитува своите хуманитарни обврски – рече Мерц.

Тој додаде дека „ова е особено важно во Појасот Газа, каде што се води страшна војна на место каде што е потребно да се води конфликт со терористите на Хамас“.

Мерц рече дека неговиот нов министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, ќе оди во Израел на крајот од неделата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation