Background

Руски војник призна во интервју дека учествувал во убиството на 5 заробени украински војници во регионот Донецк во мај минатата година

Руски војник (31) призна во интервју дека учествувал во убиството на 5 заробени украински војници во регионот Донецк во мај минатата година објави Киев индипендент.

Според аудио-снимката од интервјуто објавено од „Vote Talk“,, петте украински војници биле заробени на 5 мај 2024 година во селото Карловка, во близина на Авдејевка. Откако им биле одземени телефоните и панцирите, тие биле однесени во градината каде што биле принудени да клекнат, а потоа биле застрелани во тилот.

Рускиот војник кој ги опишал егзекуциите, идентификуван како Иван Охлопков, рекол дека телата на убиените Украинци не биле закопани, туку уништени од минофрлачки оган.Тој рекол дека не чувствува каење за своите постапки и не се сеќава на деталите за жртвите.

- Advertisement -
Ad image

Според него, тој ги извршил егзекуциите заедно со уште четири или пет војници од озогласениот батајон „Сомалија“, чии членови претходно биле обвинети за воени злосторства. А наредбата ја дал  командантот на баталјонот.

Самиот Охлопков, кој отслужил затворска казна за кражба пред да го потпише договорот со армијата, во меѓувреме дезертирал и сега се крие во окупираниот Донецк.

„Vote Talk“, медиум фокусиран на Источна Европа, основан за борба против руската и белоруската пропаганда, изјави дека не е во можност независно да ја потврди приказната на Охлопков.

Главниот обвинител на Украина минатиот месец изјави дека е документирано погубувањето на најмалку 273 украински воени затвореници, што е воено злосторство според Женевските конвенции.
Киев и Обединетите нации предупредија на растечки број на вакви егзекуции, сугерирајќи дека тие се дел од систематска руска политика.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation