Руски извори известуваат дека за прв пат од почетокот на инвазијата, нивните сили окупирале населба во украинскиот Дњепропетровски регион – селото Дачно. Доколку се потврди, тоа би бил првиот руски упад во регионот и потенцијален психолошки удар за Украина.
Ниту Киев ниту Москва сè уште официјално не ги потврдија овие тврдења. Пред три недели, Украина тврдеше дека е одбиен сличен напад.
Во исто време, Русија ги засилува нападите во регионот – најмалку 17 цивили беа убиени во неодамнешното бомбардирање. Покрај тоа, за време на викендот, руските сили презедоа големо наоѓалиште на литиум во регионот Донецк, што би можело да ја ослабне позицијата на Украина во преговорите со САД, пишува Индекс.
Москва сега контролира околу една петтина од територијата на Украина и не покажува знаци на забавување на својата офанзива, дури и кога најавува нови преговори. Зеленски досега не успеа да добие поддршка од САД за дополнителни санкции против Русија.