Background

Роднини на загинати ѝ рекоа на бранителката дека самата се препознала на постерот

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Судијката Диана Груевска Илиевска пред почетокот на рочиштето ги предупреди родителите на загинатите кои да го почитуваат редот во судницата и да не дофрлаат, по јавните реакции меѓу нив и Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“.

- Advertisement -
Ad image

Адвокатката Коцевска побара на следното нарушување на редот во судницата, јавноста да биде исклучена.

– Неколку пати досега се случува да се наруши редот, што ни го отежнува спроведувањето на постапката по закон. Сите обвинети имаат право на браниители, тоа е законско и уставно право, и вие утре ако имате потреба од адвокат, кај овие луѓе ќе се јавите. Доколку се случи уште едно нарушување на редот, ќе бидете исклучени од судењето – предупреди судијката и додаде дека „сите обвинети се сметаат за невини додека не се донесе конечна судска пресуда“.

Таа додаде дека досега има судено и други предмети, вклучувајќи го и случајот „Дурмо Турс“, каде родителите на присутните биле крајно коректни.

Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова во пожарот во „Пулс“ во изјава дадена пред рочиштето ѝ рече на адвокатата Коцевска, дека самата се препознала во ликот на постерот кој го носеа демонстрантите на Маршот за ангелите што се одржа во саботата во Кочани и дека тврдењата во нејзината реакција биле неосновани.

– Како прво, на постерот не се препознавате само вие, се препознаа и други лица кои имаат физичка сличност со ликот, но никој не реагираше, ниту ја толкуваше пораката како напад. Единствено вие адвокатке Коцевска излеговте со тврдење дека сте биле лично засегната, а зошто? Ние семејствата, не ве ни спомнавме, ние не ве нападнавме. Ние, семејствата се бориме за вистината. Ние организираме марш, тивок, достинствен чин, за луѓе кои бараат правда. Не штрајк кон вас. Не напад кон вас, а најмалку повик против адвокатурата. Свесни сме и го почитуваме значењето на адвокатурата во остварувањето на правдата и начелото дека секој има право на одбрана, па и обвинетите за тешки кривични дела. Токму затоа очекуваме професионалност, одговорност и почит кон болката и траумата на семејствата. Искрено како човек, кој се нарекува интелектуалец би требало да ја знаете таа разлика. Таквата ваша изјава е чиста небулоза, извадена од реалноста. На угледот на правната заедница не ѝ штетат родителите кои бараат вистинска правда и одговорност што им следува, туку им штети вашиот обид да прикажете лице, кое според обвинението и сите досега познати докази е во центарот на еден нелегален, небезбеден и финансиски нерегулиран објект, лице кое поради профит ги игнорирало сите безбедносни стандарди, лице кое заобиколувало законски пат, преку мито и корупција, а истото тоа лице вие го претставувате како човек што нема свест – рече Наунов.

Според него, тоа значи дека таа прикажува дека „лицето не било свесно дека со своето однесување прекршува правила и извршува дело и носи ризик кој може да предизвика штета.“

– Кога јавно зборувате за сочувство и за емпатија кои досега сте ги имале кон нас, мораме да ве потсетиме на вашите зборови кои ги изговоривте пред родителите кои ги изгубија своите деца. На судењето рековте дека обвинетиот требало да одговара за небрежност, а не за тешки дела, дека немал свест за обврските, и најболната реченица која ни ја упативте „за вас тоа е монструм, а за нас е обичен човек“. Тоа вие го кажавте лично пред нас родителите кои ги погребавме нашите деца. Тоа е суровост. Ако сега тврдите дека вашиот лик е злоупотребен во небулозна форма, тоа тврдење не е само неточно, туку е потценување на нашата интелигенција – рече Наунов.

Во саботата по одржувањето на Маршот, адвокатата Коцевска се јави со реакција во која наведе дека роднините на загинатите организирале штрајк во кој нејзиниот „лик е злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма која не само мојот, туку го нарушува угледот на секој еден адвокат“.

Таа апелираше сите надлежни органи на Република Македонија да реагираат во насока на заштита на адвокатската професионална должност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation