Ристески не исклучува донесување нови мерки

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Комплетната анализа на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за зголемување на цените на прехранбените производи ќе биде готова во текот на наредната недела, најави денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој во Штип одговараше на новинарско прашање, дали веќе работат на мерки за да се намалат цените на прехранбените производи во супер маркетите.

Ристески истакна дека оваа Влада за разлика од некои претходни влади секогаш прави добри анализи пред да донесе некоја одлука и мерка, а како што рече, така ќе биде и овој пат.

-Ние ги следиме цените максимално преку Државниот пазарен инспекторат правиме анализи и доколку заклучиме дека има потреба да се донесе некоја одлука и мерка ќе го направиме во интерес на граѓаните за заштита на животниот стандард. Пред се како Влада ни се интерес граѓаните и нивниот животен стандард – изјави Ристески.

Заменик министерот за економија и труд додаде дека врз основа на тековната анализа, која ја изготвува ДПИ има мало зголемување на цените, а најмногу на кафето и маслото, кои се берзански производи.

– Особено вратени се дел од цените на производите како што беше пред одлуката, којашто беше пред еден месец и повеќе, има мало покачување на одредени цени, има останато некои и на исто ниво. Но, имаме поголемо зголемување на цените на кафето и маслото, кои се берзански производи и зависат од светските берзи. Меѓутоа, сепак за крајна одлука ќе биде известена јавноста, доколку ја има, а тоа ќе ја покаже комплетната анализа, која ќе биде готова во текот на наредната недела – рече Ристески.

Прашан за воените тензии на Блискиот Исток, кои најверојатно ќе се рефлектираат и на берзата на енергенси и дали Владата има план  како да се справи со нов енергетски удар, Ристески посочи дека Владата ја следи ситуацијата на светско ниво.

-Ја пратиме не само ситуацијата на внатрешната економија, туку ги пратиме и светските случувања, она како што иде, така и ќе реагираме како Влада. Мораме да бидеме и претходно спремни и да имаме информации и да имаме состаноци на повеќе министерства и на Влада. Се прати ситуацијата доколку ескалира работата, која би предизвикала и одреден потрес и на светската економија, нормално е дека ќе реагира Владата со соодветни мерки – пече Ристески.

Тој додаде дека по ова прашање Владата нема да чека и да не понесе светската економската криза и затоа како што рече „мора да бидеме подготвени, а тоа го правиме“.

Share This Article