Ријана дошла на судењето на својот партнер, кој пукаше во пријател

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најновото рочиште на судењето на момчето на Ријана, раперот АСАП Роки, се одржа во четвртокот. Претходно се шпекулираше дека пејачката можеби ќе го поддржи со доаѓањето во судницата, што според бројните извештаи и го направила.

Според Асошиејтед прес, Ријана била внесена во судницата преку приватен влез и седнала надвор од дофат на камерите. Се вели дека носела долг црн фустан со копчиња, а исто така носела и очила за сонце. Таа, како што се тврди, била сместена меѓу мајката и сестрата на Роки, кои исто така биле на судењето.

Не е познато дали поротата знаела дека пејачката е во судницата. Таа со помош на обезбедувањето влегла и ги избегнала бројните фоторепортери собрани надвор од судницата, а по рочиштето не била видена во друштво на Роки. Раперот бил само придружуван од обезбедувањето при пристигнување и заминување низ главната врата.

Да потсетиме дека Ријана наводно имала голема улога во изборот на членовите на поротата, со оглед на тоа што судот ги прашал потенцијалните кандидати дали се нејзини обожаватели и дали купуваат производи од нејзиниот бренд Fenty Beauty. Околу половина од нив рекле дека слушнале за Роки пред почетокот на судењето, додека скоро сите слушнале за Ријана. Очигледно сите рекле дека мислат дека тоа нема да влијае на процесот.

Роки, со вистинското име Раким Ателастон Мајерс, е обвинет дека го застрелал својот поранешен пријател Терел Ефрон, познат и како АСАП Рели, со пиштол на 6 ноември 2021 година. Ефрон изјавил дека нивната врска се влошила и затоа дошло до конфликт.

Ефрон сведочел против Роки во најновото судење. „Целата работа беше како на филм, го впери пиштолот надолу и го испука првиот истрел. Чувствував топлина на раката. Бев застрелан или куршумот ме закачи. Немав ни дупка ни ништо“, вели Ефрон, поранешен член на хип-хоп колективот на Роки ASAP Mobile.

На првото рочиште бил присутен и адвокатот на Роки, Џо Такопина, кој рече дека се работело за пиштол стартер од кој испукал само ќорци. Тој верува дека Ефрон е мотивиран од „љубомора, лаги и алчност“. Целиот случај зависи од неговиот кредибилитет“, коментирал Такопина.

Share This Article