Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, која стапува во сила од ноќеска.
Според одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари по литар, а цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,174 денари по килограм.
Од друга страна, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари по литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета.
Нови цени на горивата:
ЕУРОСУПЕР БС-95: 74 денари/литар/06/2025
ЕУРОСУПЕР БС-98: 76 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 70 денари/литар
Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 69,50 денари/литар
Мазут М-1 НС: 39,409 денари/килограм
Со оваа одлука, РКЕ информира дека просечното намалување на малопродажните цени изнесува 0,73% во однос на претходната одлука од 30 јуни 2025 година.