Регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е затворен за секаков вид возила поради пожарот во националниот Парк Јасен, соопшти АМСМ.
Како што информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, во гаснење на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).
Според Ангелов, зафатена е мешана шума, а за гаснење се користат сите можни ресурси.
– Врз пожарот во ловиштето „Јасен“ рано утрово со дејство почнаа 30 припадници на специјалните единици „Волци“ и „Ренџери“, а на терен се присутни екипи на ЈП „Национални шуми“, на ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), иако во текот на вчерашниот ден воспоставивме делумна контрола врз овој тежок за гаснење пожар – изјави од терен Ангелов.
Стратегијата е, како што рече, пожарот да биде пресретнат и стопиран и во текот на денов да се стави под делумна контрола.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
