Background

Реформскиот закон влезе во владина процедура со добра оценка од Венецијанската комисија

Предлог-законот за Судски совет од денеска е во владина процедура, дознава Плусинфо од извор во Министерството за правда. Законскиот текст што се смета за клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството веќе е познат.

Министерството  за правда го добило и мислењето од Венецијанската комисија за предлог-законот.

– Станува збор за конструктивен и содржаен документ, што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани – велат од ресорот.

- Advertisement -
Ad image

Особено значајно за е што Венецијанската комисија го препознала транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители.

– Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина – вели нашиот извор.о постапкатата за разрешување на претседател или заменик на Судскиот совет, а постапката мора секогаш да биде транспарентна.

– За првпат ќе има објективно оценување на работата на членовите на Судскиот совет, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на ова тело. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на Европската унија, а ние сега директно одговараме на таа препорака – велат од Министерството за правда.

Во Предлог-законот се прецизираат критериумите за избор на „истакнат правник“ како член на Судскиот совет. Се предвидуваат нови, конкретни и појасни квалификации.

Се предвидува и воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови, со цел поголема транспарентност и одговорност.

– Се зајакнуваат и критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите. Со еден збор, станува збор за унапредување на целокупната правна рамка, согласно со препораките на ЕУ – објаснуваат од ресорот.

Министерството за правда очекува Законот за Судскиот совет наскоро да биде усвоен во Собранието, како што и беше предвидено.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation