САД распоредија повеќе од 4.000 маринци и морнари во Латинска Америка и Карибите за борба против нарко-картелите кои ја загрозуваат безбедноста на САД, објави CNN.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сакал да ја употреби војската за борба против латиноамериканските нарко-банди кои се означени како глобални терористички организации.
Три американски разорувачи со водени ракети „Егис“ ќе пристигнат покрај брегот на Венецуела во следните 36 часа за борба против заканите од латиноамериканските нарко-картели, соопштија извори запознаени со ова прашање.
Изворите велат дека бродовите биле „УСС Грејвли“, „УСС Џејсон Данам“ и „УСС Сампсон“.
Дополнителното распоредување воени средства во поширокиот регион ќе вклучува неколку шпионски авиони П-8, воени бродови и најмалку една напаѓачка подморница. Процесот ќе трае неколку месеци, а планот е да се дејствува во меѓународен воздушен простор и меѓународни води.
-Поморските средства можат да се користат не само за спроведување разузнавачки и надзорни операции, туку и како појдовна точка за насочени напади доколку се донесе одлука – додаде функционерот.
Сузбивањето на нарко-картелите е централна цел на администрација на Доналд Трамп и е дел од пошироките напори за ограничување на миграцијата и обезбедување на јужната граница на САД.
САД веќе распореди најмалку два воени брода во последните месеци за да помогне во безбедноста на границите и напорите за борба против трговијата со дрога.
Така, американската војска веќе го засили воздушниот надзор на мексиканските нарко-картели со цел да собере разузнавачки информации и да утврди како најдобро да ги потисне нивните активности.