Background

Путин телефонски му го честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп претстојниот 4 јули, Ден на независноста на САД

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски му го честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп претстојниот 4 јули, Ден на независноста на САД, објави советникот на Кремљ Јуриј Ушаков.

– За време на разговорот, Трамп повторно ја нагласи потребата од прекин на воените операции во Украина што поскоро, додека Путин од своја страна нагласи подготвеност да ги продолжи мировните преговори во Истанбул – истакна Ушаков.

Но, рускиот лидер, како што посочи неговиот советник, изјавил дека Русија ќе ги постигне своите цели во војната со Украина, „искоренување на сите основни причини што доведоа до сегашниот конфликт“, и нагласил дека Москва ќе продолжи да го следи тој курс.

- Advertisement -
Ad image

Во разговорот кој траел речиси еден час Путин му рекол на американскиот колега дека Русија има значајна историска улога во создавањето на американската држава. Искажувањето честитки, според Ушаков, е знак дека двата лидери остануваат отворени за комуникација и во иднина.

Советникот на Путин потврдил дека не се дискутирало околу сопирањето на американските испораки на оружје за Украина. САД неодамна решија да ги прекинат испораките за Киев.

Дипломатите од двете страни разговарале и за кризата во Иран и состојбите во поширокиот Блиски Исток. Ушаков вели дека разговорот се одвивал во пријателска атмосфера и  дека двајцата лидери се согласиле дека ќе продолжат со дијалогот.

Ова е шестиот познат јавен телефонски контакт меѓу двајцата откако Трамп повторно застана на чело на САД во јануари. Последен пат разговараа на 14 јуни, со фокус на Иран, а сега за Украина и за Блискиот Исток.

Ситуацијата укажува на нова динамика: и покрај геополитичкиот притисок и воениот конфликт, Кремљ и Белата куќа не ги прекинаа каналите за директна комуникација, што потенцијално отвора можности за деескалација.

Засега нема официјални информации дали следните руско-американски преговори ќе се случат во Истанбул или на друго место, но двете страни остануваат „подготвени да продолжат со разговорите“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска, на заедничката прес-конференција со претседателите на Европска комисија и на Европски совет, рече дека е неопходна нова лидерска средба за постигнување мир во Украина.

Зеленски наведе дека се надева оти наредните денови ќе разговара со претседателот на САД, Доналд Трамп за одлуката на Вашингтон да ја ограничи испораката на дел од воената помош за Киев.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation