Background

„Путин е на страната на војната“ – Сите што мислите поинаку се лажете, порача Макрон

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска остро ги осуди ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е „на страната на војната“ и додавајќи дека сите кои верувале во спротивното сега се одговорни за своите заблуди.

– Претседателот Путин е на страната на војната, а не на страната на мирот… и оние кои веруваа дека тој има желба за мир, сами се измамиле – изјави Макрон на прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск во Нанси, пренесува „Фигаро“.

Туск и Макрон денеска потпишаа договор за пријателство и засилена соработка, а францускиот претседател го означи „француско-полското пријателство“ како „срдечен сојуз“.

- Advertisement -
Ad image

Сличен договор веќе е потпишан меѓу Франција и Германија, Италија и Шпанија.

Макрон повтори дека „животните интереси“ на Франција, засновани на нејзината стратегија за нуклеарно одвраќање, исто така се поврзани со интересите на нејзините „главни партнери“ во Европа.

– Од 60-тите години, со изјавите на генералот (Шарл) Де Гол, европската димензија на оваа стратегија за одвраќање беше афирмирана и постојано потврдена од сите мои претходници, а јас го направив истото – потсети Макрон.

Тој додаде дека во „соодветен момент“ ќе отпатува за Украина, но не прецизираше дали ќе присуствува на самитот на европските лидери кој се одржува овој викенд, пренесува БФМ ТВ.

– Во соодветен момент, ќе заминам таму (во Украина). Поради многу разбирливи причини, за тоа ретко се зборува однапред – рече Макрон.

Неколку часа претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски го најави одржувањето на самитот на европските лидери во Украина овој викенд.

Овој состанок ќе ги обедини членките на „коалицијата на подготвените“, која главно се состои од европски земји и има за цел да обезбеди воена помош за Киев, како и да постави рамка за воспоставување траен мир во Украина.

Самитот на европските лидери во Украина се одржува по вчерашниот повик на американскиот претседател Доналд Трамп за „безусловен прекин на огнот од 30 дена“ во Украина, што треба да доведе до „траен мир“.

Макрон ја поздрави оваа изјава и изрази желба да „се дејствува во таа насока без илузии и без одлагање“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation